Достапни линкови

logo-print

Босна - протести и граѓански пленуми


Протестите на незадоволните граѓани во Сараево и другите градови во БиХ, се најавува дека продолжуваат и денеска и следните денови пред зградата на Претседателството на БиХ.

Вчера беа одржани и првите граѓански пленуми на кои би требало да се избере група луѓе која на државниот врв ќе му ги пренесат барањата за оставка.

Босанската полиција пак до Обвинителството на БиХ поднесе кривичните пријави против непознати лица поради постоење основан сомнеж дека извршиле кривично дело „тероризам“.

Станува збор за кривично дело кое во законите и Уставот се прецизира како „напад врз уставниот поредок“.
XS
SM
MD
LG