Достапни линкови

Запалено возило на Подгорички „Вијести“


Непознати напаѓачи утрово запалиле службено возило на весникот „Вијести“ во Подгорица, што е уште еден од низата инциденти врз имотот на овој печатен медиум.
Како што соопшти црногорската полиција, возилото марка „нисан“ било полеано со бензин и запалено, а во пожарот изгорел предниот дел на автомобилот.
Минатата година врз седиштето на весникот беше фрлена експлозивна направа а беа каменувани и просториите на медиумот за време на одржувањето на „Парадата на гордоста“.
Полицијата и обвинителството се уште не ги решиле и серијата палења на автомобили на истиот медиум во 2011 година, кога во рок од неколку месеци беа запалени четири возила на весникот.
XS
SM
MD
LG