Достапни линкови

logo-print

Повици до босанските политичари да ги забрзаат реформите


Неколку меѓународни лидери ги повикаа босанските политичари да покажат лидерство и да ги забрзаат реформите, по најголемите социјални немири во земјата од војната во 1992 до 1995 година. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг во вчерашната изјава исто така повика да се обноват напорите од страна на ЕУ да и помогне на БиХ да ги реши проблемите.
Николас Хил, вршител на работите во американската амбасада во Сараево, во интервјуто за Радио Слободна Европа изјави дека политичките лидери не ја исполнија својата задача во изминатите неколку години и оти сега имаат можност да го сторат тоа.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу за време на вчерашната посета на Сараево ја нагласи итната потреба од меѓународна акција за поддршка на Босна. Протестите во оваа земја поради невработеноста, корупцијата и политичкиот ќорсокак, влегоа во својата втора недела.
XS
SM
MD
LG