Достапни линкови

Петта азиска турнеја на Џон Кери


Американскиот Државен секретар Џон Кери ја започна својата петта турнеја по Азија како прв дипломат на САД. Тој ќе ги посети Јужна Кореја, Кина и Индонезија во обид да ги намали тензиите околу територијалните спорови.
Кери денеска се очекува да допатува во Сеул, еден ден откако претставници на Северна и Јужна Кореја ги одржаа разговорите на највисоко ниво во последните неколку години. Сепак, Пјонгјанг издаде предупредувања во врска со претстојните американско-јужнокорејски воени вежби.
Кери потоа ќе ги посети и Пекинг и Џакарта, во време на зголемени тензии меѓу Кина и нејзините помали соседи во врска со спротивставените побарувања во Источното и Јужното Кинеско Море.
XS
SM
MD
LG