Достапни линкови

Убиени двајца војници од ИСАФ


Командата на ИСАФ во Авганистан соопшти дека две лица облечени во униформи на авганистанската армија вчера убиле двајца сојузнички војници во источниот дел на земјата. ИСАФ не ја откри националноста на убиените војници, но неименуван претставник на американската армија соопшти дека станува збор за Американци. Претставник на меѓународните сили изјави дека повеќе информации ќе бидат објавени откако ќе заврши истрагата за тоа што точно се случило. Засега никој не ја презел одговорноста за инцидентот.
XS
SM
MD
LG