Достапни линкови

Сенатот ја одобри мерката за задолжување на САД


Американскиот Сенат ја усвои мерката за подигнување на „плафонот“ за долгот на земјата за уште една година. Горниот дом на американскиот Конгрес вчера гласаше 55:43 во корист на оваа мерка.
Оваа легислатива ќе му овозможи на министерството за финансии да продолжи нормално да се задолжува до 15 март 2015 година, за да ги врати своите долгови, кои се проценуваат на повеќе од 17 билиони долари.
Претставничкиот дом претходно ја усвои оваа мерка со 221 спрема 201 гласови и сега се чека на потписот од претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG