Достапни линкови

Времето денеска променливо облачно


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно. Во источните делови се уште ќе има услови за врнежи од слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали, а ветерот ќе го смени правецот во северозападен.

Утринската температура се движи од четири до осум, а дневната ќе биде од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб северозападен ветер. Утринската температура се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Утре попладне ќе има локален дожд, а на планините локален снег. Потоа, во деновите од викендот, како и во почетокот на наредната недела времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура.
XS
SM
MD
LG