Достапни линкови

Расмусен - Поканата за Македонија важи, но прво решение за името


По средбата Груевски - Расмусен во Брисел, уште еднаш повторено дека од Македонија се бара решение на спорот за името за да стане членка на НАТО. Мора да продолжат и реформите.

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел разговараше со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
На заедничката прес конференција по состанокот, Груевски изјави дека станало збор за напредокот на Македонија во евро-атланските интеграции, како и за некои политичко – безбедносни прашања во пресрет на самитот на НАТО што ќе се одржи на 4-ти и 5-ти септември во Кардиф. Притоа Груевски ја повторил определбата на Македонија да стане полноправна членка на НАТО. Премиерот Груевски информира дека размениле мислења и за спорот за името:
Го истакнав и ставот дека членството на Македонија во НАТО е заслужено и базирано врз аргументи и дека ќе претставува придобивка и за нас и за Алијансата.

„Потсетив на нашата посветеност во процесот во Обединетите нации околу наметнатиот спор и на нашиот принципиелен став за значењето на почитувањето на меѓународното право, вклучително одлуката на Меѓународниот суд на правдата во однос на отвореното прашање со јужниот сосед, како еден од фундаменталните принципи во одржувањето на мирот, стабилноста, просперитетот, добрососедски односи и почитувањето на човековите права, што треба да претставува и основа за евроатлантската интеграција на нашата земја. Го истакнав и ставот дека членството на Македонија во НАТО е заслужено и базирано врз аргументи и дека ќе претставува придобивка и за нас и за Алијансата”, додаде Груевски.
НАТО е заинтересиран за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и за неговата евро-атланска интеграција. Клучот е зачувување на моментумот на реформи, што носи бенефит за сите граѓани.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, од друга страна, истакна дека се уште важи поканата до Македонија за полноправно членство и оти тоа ќе се случи веднаш штом ќе биде најдено взаемно прифаливо решение за спорот со името. Ве охрабруваме да продолжите со напорите за наоѓање решение за проблемот со името, рече Расмусен.

„НАТО е заинтересиран за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и за неговата евро-атланска интеграција. Клучот е зачувување на моментумот на реформи, што носи бенефит за сите граѓани, функционалност на демократските структури и инклузивен дијалог и слобода на медиумите. Сето ова е важно за напредување во евро-атлантските аспирации. Соработката меѓу Владата и опозицијата, како и сите заедници е есенцијално за испорачување на реформи”, рече Расмусен на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Никола Груевски.

Тој и изрази благодарност на Македонија за учеството во мировните мисии на НАТО и за подршката на мисијата на КФОР на Косово.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG