Достапни линкови

г.г.Стефан: МПЦ бара преговори со СПЦ, но без успех


Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан очекува Руската Православна Црква да даде придонес во решавањето на спорот со Српската Православна црква.
Ова денеска со изјави поглаварот на МПЦ, г.г Стефан во Прилеп каде што присуствуваше на прославата на празникот „Свети три светители“ и на одбележувањето на Денот на бакалите.
По барање на новинарите да ги коментира пишувањата во медиумите дека македонскиот црковен врв е подготвен да се согласи за двојна употреба на името на МПЦ, едно при меѓуцрковниот однос со СПЦ како Охридска архиепископија, а друго за употреба дома како Македонска православна црква за да се реши деценискиот спор со Српската православна црква, поглаварот г.г. Стефан нагласи дека името Македонска православна црква и Охридска архиепископија е едно и исто и е неделиво.
г.г Стефан информира дека засега нема никаков одоговор на обидите на МПЦ за разговори со СПЦ, но, подвлече, до тоа мора да дојде.
XS
SM
MD
LG