Достапни линкови

МВР демантира дека од март ќе може да се оди на Косово со лична карта


Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите кои објавиле дека во Косово од март ќе може да се патува само со лична карта, да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со непроверени информации.
- Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на Република Македонија, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено, стои во соопштението од МВР.
МВР, се подвлекува, им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството.
XS
SM
MD
LG