Достапни линкови

logo-print

Премиерите од Западен Балкан на инвестициски форум во Лондон


Европската банка за обнова и развој најави дека на 24 февруари во Лондон ќе организира Инвестициски форум за Западен Балкан. На собирот, како што е најавено, ќе учествуваат премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Косово и Црна Гора. Идејата, според организаторите, е да се претстави регионот како целина и како одредница за инвестиции.
XS
SM
MD
LG