Достапни линкови

САД: Русија, зад објавениот разговор на Нуланд


Џејмс Клапер

Џејмс Клапер

Шефот на американското разузнавање Џејмс Клапер изјави дека Русија би можело да биде одговорна за снимањето и објавувањето на телефонскиот разговор на помошник државниот секретар Викторија Нуланд во кој таа вулгарно се изразува за напорите на Европската унија за средување на кризата во Украина. Ова Клапер го изјави при сослушувањето во ресорниот сенатски комитет во Вашингтон. Претходно, Москва демантира дека била вклучена во снимањето и објавувањето на приватниот телефонски разговор на Нуланд со американскиот амбасадор во Укрина.
XS
SM
MD
LG