Достапни линкови

Прилепчанки за мамографски прегледи одат до Битола


Министерот Никола Тодоров при последната посета на здравствениот дом во Прилеп, не даде конкретен одговор, дали и кога ќе биде набавен нов мамограф во прилепската болница.Во прилепската болница тврдат дека никогаш немало проблем, дека се вршат редовно прегледи на дојка.

Во Прилеп неколку години нема мамограф. Комисијата за контрола на јонизирачки зрачење стариот апарат го повлече од употреба, како што велат докторите кои порано работеа во овој оддел, а од тогаш до денес не е набавен нов. Министерот Никола Тодоров при последната посета на здравствениот дом во Прилеп, не даде конкретен одговор, дали и кога ќе биде набавен нов мамограф во прилепската болница.

Покрај фалбите на министерот Тодоров за милионите потрошени средства за подобрување на здравството, веќе извесен период жените од прилепскиот регион се изложени на дополнителни материјални трошоци за превоз, кои за мамографски прегледи се препраќани на битолската клиника
, вели Кети Смилеска, претседател на Форум на жени од прилепската организација на СДСМ.
Од друга страна на одделот за рентгенграфија работат неколкумина специјалисти, што значи дека нема доволно кадар, но ниту опрема за да се вршат редовни и навремени ехо прегледи на дојка. Исто така според оценките на дел доктори овој ехо апарат по својот квалитет многу заостанува зад оние апарати со кои се дијагностицира рак на дојка во приватните клиники. И не само тоа, подолго време жените не можеа да закажат термин за преглед.

Од матичните лекари се добиваа одговори дека во болницата едноставно нема пуштени термини за ехо на дојка, не водејќи сметка при тоа дека многу жени имаат потреба од задолжителни контролни прегледи. Од средината на јануари стигна првата информација дека конечно има термини, но дури по месец или два. Покрај реакциите на пациентките, се огласи и Форумот на жени од СДСМ.
Кети Смилеска, претседател на Форум на жени од прилепската организација на СДСМ.
Кети Смилеска, претседател на Форум на жени од прилепската организација на СДСМ.
„Покрај фалбите на министерот Тодоров за милионите потрошени средства за подобрување на здравството, веќе извесен период жените од прилепскиот регион се изложени на дополнителни материјални трошоци за превоз, кои за мамографски прегледи се препраќани на битолската клиника. Прашуваме од кои причини веќе неколку години мамографот е надвор од употреба, дали е во прашање недостиг на кадар за работа со истиот или поради поради немање средства за сервисирање на апаратот“, изјави Кети Смилеска, претседател на Форум на жени од прилепската организација на СДСМ.

На одделението за рентгенграфија значи нема никакви забрани во периодов за вршење на какви било прегледи, се се врши по стандарди процедури и протоколи
,вели д-р Емилија Костоска, портпарол на прилепската болница.
Но, во прилепската болница демантираат, тврдат дека никогаш немало проблем, дека се вршат редовно прегледи на дојка.

„На одделението за рентгенграфија значи нема никакви забрани во периодов за вршење на какви било прегледи, се се врши по стандарди процедури и протоколи, ехо прегледи три до четири, па и до пет ехо на дојка, толку се закажани од страна и на матичните лекари, а се остава простор и за приоритетни прегледи“, изјави д-р Емилија Костоска, инфектолот, портпарол на прилепската болница.
д-р Емилија Костоска, портпарол на прилепската болница
д-р Емилија Костоска, портпарол на прилепската болница

Деновиве на иницијатива на Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ од Прилеп одржа трибина на тема:„Да го откриеме ракот на дојка пред да знаеме дека постои“. Но, препораките на сите доктори, се дека само со квалитетна превентива, редовни самопрегледи и прегледи со ехо апарат и мамографија кога е потребна се води битката со ракот на дојка. Раната дијагностика е императив за секоја здравствена установа.
Во меѓувреме повеќе од еден месец во одделот за гинеколигија не работи гинеколошкото ехо, па се користи стариот апарат со многу послаб квалитет. Сепак според најавите дефектот наскоро ќе биде отстранет, па барем овој апарат ќе биде повторно ставен во функција.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG