Достапни линкови

logo-print

Почна новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина


Во Брисел денеска почна новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, овој пат најпрвин со заедничка средба на премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. „Промената на вообичаената шема, првин Ештон да одржи одвоени средби со премиерите, нема никакво значење за содржината и текот на дијалогот“, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на Ештон. Таа додаде дека главна тема е правосудството и подготовките за формирање Заедница на српските општини на Косово. Коцијанчич наведе дека најверојатно ќе стане збор и за ситуацијата во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG