Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Ѓулен да формира партија


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска го повика исламскиот проповедник кој живее во Соединетите држави Фетула Ѓулен да формира политичка партија и да и конкурира на владејачката Партија на правдата и развојот. „Тие сакаат само да уриваат, немаат цел да градат. Тоа што го предлагаат на место на владата на Партијата на правдата и развојот е хаос, нестабилност, сиромаштија и корупција, наведе Ердоган во обраќањето во парламентот. Тој оцени дека корупцискиот скандал во кој биле вклучени синови на неколку министри бил инициран од Ѓулен, негов поранешен сојузник, кој имал мрежа соработници во полицијата и судскиот систем.
XS
SM
MD
LG