Достапни линкови

САД: Претставничкиот дом е за поголемо ниво на задолженост


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја одобри мерката за покачување на нивото на задолженоста на земјата за уште една година. Со законот му се дозволува на Министерството за финасии да продолжи нормално да се задолжува до 15 март идната година со цел да го исплати сегашниот долг од над 17 билиони долари. Американскиот потпретседател Џо Бајден овој потег на Претставничкиот дом го оцени како победа за земјата. Мерката сега треба да биде одобрена од Сенатот.
XS
SM
MD
LG