Достапни линкови

Зголемувањето на пензиите предизборен лек


Работна средба на министрите Зоран Ставревски и Диме Спасов со претставниците на пензионерите

Работна средба на министрите Зоран Ставревски и Диме Спасов со претставниците на пензионерите

Дупката во пензискиот фонд годинава ќе достигне 242 милиони евра, пари што ќе се покриваат од буџетот. Поранешниот министер за финасии Никола Поповски коментира дека со изборната владина политика на долг рок се оштетува пензискиот фонд.

Владата одвреме навреме, особено кога се изборни години, а тие се секои две три години, прави исклучоци и надвор од критериумите на законот си дозволува да кажува дека како влада ќе додели дополнителни пари за пензинерите, иако во Македонија има закон за пензинирање според кој се утврдуваат пензиите велат дел од економистите.
Сето ова ќе им се удри од глава на пензинерите, ако не сега на овие, тогаш сигурно на оние за пет шест, седум години, кога ќе треба уште повеќе сретства од буџетот и Пензискиот фонд ќе треба уште повеќе да се покрива во својот дефицит,
Тие коментираат дека и последната најава на владата за зголемување на пензите за 600 денари во изборниот месец оваа година не треба да се сфати никако поинаку освен како предизборна мерка.

Поранешниот министер за финансии професор Никола Поповски не се согласува со оваа политика на владата и оценува оти пред се изборна а не долгорочно насочена.

„Тоа од една страна треба да се сфати како обид пензинерите да ги привлечат да гласаат за нивните кандидати, а од друга страна со тоа владата постојано го зголемува токму дефицитот во пензискиот фонд. Додека сите европски држави прават модели со кои ќе ги направат сопствените пензиски фондови издржливи на подолг рок, за жал нашата влада прави модел кој го прави пензискиот фонд во финанасиска смисла се помалку издржлив и затоа мора да се субвенционира од буџетот се повеќе и повеќе“, вели Поповски.

Во меѓувреме, парите за исплата на пензиите веќе се пристигнати на сметка на фондот за пензиско осигурување. Дупката во фондот годинава ќе достигне 242 милиони евра, пари што ќе се покриваат од буџетот.

Драги Јованоски експерт по трудово право коментира дека
Ако оваа математика продолжи значи дека веќе само 30 проценти се добиваат пари од самите работници за Пензискиот фонд, а да не речам 60 до 70 проценти се исплаќа од буџетот.
последното зголемување на пензиите е класичен начин на предзиборен маркинг кој не решава никаков проблем. Мора да знаеме колку работници треба да платат придонес за еден пензионер да прими пензија, вели Јовановски. Тој тврди дека со претходното намалување на придонесите се намалиле и пензиите на сите пензионери за 30 проценти. Тоа значи дека пет работника треба да плаќаат придонеси за да еден пензионер прими пензија, вели Јовановски.

„Ако оваа математика продолжи значи дека веќе само 30 проценти се добиваат пари од самите работници за Пензискиот фонд, а да не речам 60 до 70 проценти се исплаќа од буџетот. И тука се поставува едно крупно прашање. Што ќе биде со оние што ќе одат следни во пензија,“ прашува Јовановски.

Поповски посочува дека таа приказна со зголемување на пензиите може да трае додека се избори, но оти не може долго да трае.

„Сето ова ќе им се удри од глава на пензинерите, ако не сега на овие, тогаш сигурно на оние за пет шест, седум години, кога ќе треба уште повеќе сретства од буџетот и Пензискиот фонд ќе треба уште повеќе да се покрива во својот дефицит,“ вели Поповски.

Околу 300 илјади пензионери во март ќе добијат зголемена пензија за 600 денари. За оваа намена од буџетот се обезбедени близу 30 милиони евра. Според министерството за финансии државната каса е во добра кондиција, платите и пензиите редовно ќе се исплаќаат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG