Достапни линкови

Мијатовиќ - Законите за медиуми се добри, но битна е примената


Прес-конференција на Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.

Прес-конференција на Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ вели дека законите за медиуми се добри, но битно е како тие ќе се имплеметираат. Таа вели дека проблемот со рекламирањето на владата во медиумите и нанесува штета на оваа сфера.

Законите за медиуми кои неодамна беа усвоени сметам дека се многу добри и го поздравувам фактот дека многу од нашите забелешки беа прифатени, порача претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ која беше во тридневна посета на Скопје. Според неа, сега се влегува во една важна фаза кога треба да се види ефектот од законите и дали тие ќе ја подобрат состојбата со слободата на медиуми во земјата.

Целосната вклученост е единствениот начин да се подобри средината за медиумите, без разлика колку е тешко тоа да се постигне.
„Најважното е законите да бидат имплементирани на начин со кој ќе се промовира независноста на медиумите и да покаже инклузивност и да се слушне гласот на сите засегнати страни. Разговарав за имплеметацијата и со претставниците на медимската заедница. Позитивно е тоа што медиумската заедница беше консултирана и зема удел во подготовката на законите. Целосната вклученост е единствениот начин да се подобри средината за медиумите, без разлика колку е тешко тоа да се постигне“, вели Мијатовиќ.

Мијатовиќ со премиерот Никола Груевски разговарала и за казните за клевета и навреда кои според неа се високи и со тоа може да се доведе во опасност медиумскиот
Морам работите да ги набљудувам од секој агол, но не можам да ја бијам вашата битка.
плурализам. На прашањето дали Мијатовиќ премногу се фокусира на техничките работи, а не работните услови на новинарите таа одговори дека нејзината улога е сите прашања да ги адресира до владата.

​„Ако ги видите моите изјави и еден од случаите кој е поврзан со ситуацијата со новинарите во земјата, а тоа е Томислав Кежаровски не можам да се сложам дека се осврнувам само на техничките работи, кои секако се важни, бидејќи медиумите мора да функционираат преку владеење на правото. Морам работите да ги набљудувам од секој агол, но не можам да ја бијам вашата битка. За тоа ќе имате моја помош и поддршка, но за жал нема да се вклучам во тие прашања. Тоа е мојот мандат, но имам целосно разбирање и сум свесна за ситуацијата и проблемите“, вели Мијатовиќ.

Мијатовиќ се осврна и на прашањето со рекламирањето на владата во медиумите.

„Тие мора да обезбедат целосна транспарентност и тоа веќе и нанесува штета на медиумската средина во земјата. Но, проблемот мора сега да се реши и јас натаму ќе го покренувам прашањето со властите од земјата“, вели Мијатовиќ.

Мијатовиќ порача дека останува да се спроведат реформите во јавниот сервис и потенцира дека недостасува солидарност меѓу новинарите за прашањата од заеднички интерес. Мијатовиќ за време на посетата остварила средба и со Кежаровски, при што ја поздрави одлуката тој да биде ставен во домашен притвор и потенцира дека и натаму ќе го следи неговиот случај.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG