Достапни линкови

Јакупи по четврти пат европски првак


Во конкуренција на 831 натпреварувач од 46 држави, македонскиот тим освои еден златен и три бронзени медали, а до нова титула европски првак дојде Берат Јакупи. Тој во категоријата борби над 78 килограми, извојува пет убедливи победи, со тоа што 21 годишниот Јакупи, својот настап во младите категории го заврши како единствен европски каратист со 4 златни медали.

Жетвата на трофеи од врвните меѓународни натпреварувања, македонските каратисти ја продолжија и на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори, кое минатата недела се одржа во Лисабон (Португалија). Таму (во конкуренција на 831 натпреварувач од 46 држави), македонскиот тим освои еден златен и три бронзени медали, а до нова титула европски првак дојде Берат Јакупи.
Многу сум задоволен за овој резултат, бидејќи веќе четири пати сум европски првак и оваа година ми беше последна и многу ми е чест бидејќи ја завршив кариерата во категоријата до 21 година со златен медал,
Берат Јакупи, каратист.
Тој во категоријата борби над 78 килограми, извојува пет убедливи победи, во кои на противниците (од Белгија, Србија, Словенија, Франција и од Португалија) им препушти само два поена. Со тоа, 21 годишниот Јакупи, не само што ја одбрани титулата најдобар (постар јуниор) на Стариот континент, туку својот настап во младите категории го заврши како единствен европски каратист со 4 златни медали, по претходните триумфи во
Берат Јакупи, македонски каратист.
Берат Јакупи, македонски каратист.
кадетска и во јуниорска конкуренција.

„Многу сум задоволен за овој резултат, бидејќи веќе четири пати сум европски првак и оваа година ми беше последна и многу ми е чест бидејќи ја завршив кариерата во категоријата до 21 година со златен медал. Ова докажува дека имам потенцијал за да продолжам во иднина и во категориите на
Сега за сениори ми требаат само три работи – тренинг, тренинг и само тренинг. Значи, претходно кажав дека овој резултат докажува дека имам потенцијал, но не гарантира дека некогаш ќе станам сениорски првак.
Берат Јакупи, каратист.
сениори и се надевам дека некогаш ќе станам и европски и светски првак во сениорска конкуренција“, изјави членот на гостиварскиот клуб Фати.

Тој минатата година се закити и со бронзени медали од јуниорско СП и од сениорско ЕП, а покрај македонски е и Универзитетски и Балкански првак. Сите овие успеси говорат дека Берат е каратист со врвен квалитет, што домашната јавност очекува да биде потврдено и со сениорски трофеи.
Стипендистот од меѓународна категорија на Агенцијата за млади и спорт признава дека тоа му носи притисок, но и во свој стил порачува дека е подготвен за предизвикот, што очекува да се потврди веќе на мајскиот континентален собир во Тампере и на ноемврискиот Мундијал во Германија.

„Сега за сениори ми требаат само три работи – тренинг, тренинг и само тренинг. Значи, претходно кажав дека овој резултат докажува дека имам потенцијал, но не гарантира дека некогаш ќе станам сениорски првак, затоа што мора да работам уште повеќе за да ги постигнам тие резултати. А, јас тоа ќе го направам и се надевам дека на Европското во Финска и на Светското првенство во Бремен, ќе освојам некој медал, па дај Боже да е и златен“, додаде Јакупи, според кого, за неговите успеси, големи заслуги имаат и тренерите Арлинт Хусеин и Жарко Арсовски, како и психологот Ленче Алексовска.

Инаку, на 41-вото ЕП за млади каратисти во Португалија, Македонија конечно освои медали и во кати, бронзите на Поликсенија Јованоска (до 21 година) поединечно и на ката тимот (кадетки – јуниорки) во состав Мишела Димоска, Маријана Димоска и Искра Каракашоска, а на третото место на победничкиот подиум се искачи и (јуниорот) Мартин Стојменов во борби до 61 килограм.
XS
SM
MD
LG