Достапни линкови

logo-print

Македонија на 123 место по слобода на информирање во светот


Во извештајот на Репорери без граници објавен денеска, Македонија е во групата каде што состојбата со слободата на иформирање е оценета како тешка. Македонија забележа пад од шест места од ланскиот извештај и се најде на 123 место. Пред неа се сите други земји од регионот. Истата оценка како Македонија, односно дека ситуацијата со слободата на иформирање е тешка ја доби и Црна Гора, но таа е на 114 место. Како и во Македонија, и во Црна Гора, како што се наведува во Индексот на репортери без граници, заканите по независните новинари не биле само физички, туку имало обиди и за нивно замолчување. Од светот пак во истата група, меѓу другите си и Русија, Белорусија, Украина, Авганистан.
XS
SM
MD
LG