Достапни линкови

Обама му приреди раскошна вечера на Оланд


Американскиот претседател, Барак Обама му приреди раскошна вечера на францускиот претседател Франсоа Оланд во Вашингтон. На настанот беа поканети околу 350 гости. Претходно Обама и Оланд ги потврдија заедничките цели. Обама изјавио дека САД и Франција се усогласени околу санкциите кон Иран. Двајцата лидери го избегнаа одговорот на прашањето околу скандалот поврзан со следењето од страна на Националната агенција за безбедност на милиони Французи што предизвика огромен бес во Франција.
XS
SM
MD
LG