Достапни линкови

Чешка:поранешниот премиер Нечас обвинет за корумпирање пратеници


Чешката полиција го обвини поранешниот премиер Петар Нечас за корумпирање на тројца пратеници од неговата Граѓанска демократска партија со кои на крајот на 2012 обезбеди добро платени функции во државни претпријатија. За возврат тие си поднесоа оставки на пратеничките мандати за да поминат важните даночни закони со кои не се согласуваа. Адвокатот на Нечас соопшти синоќа дека неговиот клиент е обвинет за корумпирање и тоа во аферата која изби минатата година.
XS
SM
MD
LG