Достапни линкови

ФЕД: пазарот на трудот во САД се уште не е опоравен


Новиот шеф на Федералните резерви на САД , Џенет Јелен , го опиша опоравувањето на американскиот пазар на трудот како не завршена приказна.

Во нејзиното прв настап на оваа функција таа најави дека американската централна банка ќе преземе дополнителни мерки како стимул во борбата за нови работни места.

Според Јелен, состојбата со пазарот на труд е подобрена, но сегашното ниво на невработеност од 6,6 проценти е далеку над нивото за кое Банката на федерални резерви гледа како на максимално одржливо.
XS
SM
MD
LG