Достапни линкови

Штефан Филе повторно во Киев


Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе од денеска повторно е во посета на Украина во уште еден обид да помогне во решавањето на политичката криза во земјата.

Неговата посета доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ вчера повторија дека Европската унија останува посветена на потпишување на Спогодбата за асоцијација со Украина.

Речиси 3 месечнните анти владини протести во Украина беа предизвикани од одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не го потпише договорот за асоцијација со ЕУ.
XS
SM
MD
LG