Достапни линкови

Баросо и Ромпуј - позитивни сигнали од Кипар


Заедничкото соопштение на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу е стабилна основа за сеопфатно решение на кипарското прашање, се наведува во соопштението на претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Во тампон зоната на ОН во Никозија денеска се одржа средба на лидерите на двете заедници во Кипар, што означи почеток на новиот круг преговори за кипарското прашање кои беа прекинати во пролетта 2012 година по иницијатива на лидерот на кипарските Турци поради шестмесечното претседавање на Република Кипар со ЕУ.
XS
SM
MD
LG