Достапни линкови

Слогани против САД и Израел во Техеран


Техеран 11.02.2014

Техеран 11.02.2014

Стотици илјади иранци се собрале денеска во Техеран на одбележувањето на 35 – годишнината од Исламската револуција со која беше соборен про-американскиот шах Реза Пахлави. Државните медиуми јавија дека милиони луѓе учествувале на собири и во другите ирански градови. Насобраните во Техеран извикувале Долу Америка и Смрт за Израел, пред говорот на претседателот Хасан Рохани. Во говорот, Рохани изјави дека Иран ќе продолжи со мирољубивата нуклеарна програма, истакнувајки дека секоја закана против Иран ќе биде безсмислена и детска.
Хасан Рохани, Техеран 11.02.2014

Хасан Рохани, Техеран 11.02.2014

XS
SM
MD
LG