Достапни линкови

logo-print

Лошите патишта го кочат бизнисот


Регионалниот пат Пробиштип – Свети Николе.

Регионалниот пат Пробиштип – Свети Николе.

Слабата инфраструктура оневозможува транспорт на одредени производи и ги зголемува крајните цени на извозните продукти, со што страда конкурентноста, коментираат упатените.

Слабата инфраструктура негативно се одразува на бизнис климата во Македонија, коментираат стопанствениците. Додека власта најавува милионски инвестиции во патишта до 2018 година, опозицијата прашува што освен споменици и згради се правеше во последниве 7-8 години?
Само до два или три гранични премини има добра патна инфраструктура а другите не. Не можеме да се пофалиме дека имаме соодветна инфраструктура.

Арбен Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека „хендикепот“ во поглед на слабата инфраструктура е поизразен во западниот дел на земјата.

„Македонија има генерално една добра патна инфраструктура, но не во целата земја и за жал не во клучните точки, односно до граничните премини. Само до два или три гранични премини има добра патна инфраструктура а другите не. Не можеме да се пофалиме дека имаме соодветна инфраструктура“ вели Халили.

Недостигот на соодветна инфраструктура ги зголемува трошоците на производство, ги зголемува трошоците за транспорт, а за некој производи го прави невозможен, фактички неисплатлив извозот.
Премиерот Никола Груевски најавува изградба на патишта во вредност од милијарда евра до 2018 година. За изминативе неколку години, според владините проценки, се изградени и реконструиртани над 1.000 километри патишта. Се плашам дека власта ја има фокусирано изградбата на инфраструктурата во централниот дел на земјата а не таму каде треба да се транспортираат добрата и услугите, забележува Халили

„Не може да гледаме само кон Штип, Пробиштип или во околината да се подобрува инфраструктурата. Што е уште потрагично, сега ќе почне изградбата на автопатот Кичево - Охрид, но за да се стигне до таму треба да се оди преку Тетово и Гостивар. Тука е клучното прашање: како камионите и другата товарна механизација ќе оди од Гостивар до Кичево? Посебно во зимски услови, како ќе се стигне до Кичево за да се искористи подобрениот пат?“

Владата имаше доволно време да гради патишта, забележува професор Ванчо Узунов, потпретседател на опозициската СДСМ. Според него, инвестициите во локални патишта наместо во коридори не се најповолен начин за помагање на стопанството и конкурентноста на производите

„Дефинитивно тоа не влијае добро на конкурентноста, односно влијае дефинитивно многу лошо на конкурентноста. Недостигот на соодветна инфраструктура ги зголемува трошоците на производство, ги зголемува трошоците за транспорт, а за некој производи го прави невозможен, фактички неисплатлив извозот. Во тој поглед, оваа влада има направено огромен кикс, којшто идните генерации ќе го плаќаат“, вели Узунов.

Согласно најавите од власта, годинава и наредната година планирана е изградба и реконструкција на нови 63 километри патишта со вкупна вредност од 35 милиони евра, како и почеток на реализација на трите најкрупни инфрастуктурни проекти во државата: автопатите Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Свети Николе-Штип и Кичево - Охрид во вкупна должина од 132 километри и финансиска конструкција од 790 милиони евра.
XS
SM
MD
LG