Достапни линкови

Вељаноски кани странски посматрачи на претседателските избори


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ги поканил претседателите на парламентарните собранија на ОБСЕ, на НАТО, на Советот на Европа и на Европскиот парламент да испратат набљудувачи за претстојните претседателски избори во земјата.
Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија, како што се посочува во соопштението, претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG