Достапни линкови

Курц: Протестите во БиХ, повик за будење


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц предупреди дека социјалните протести во БиХ би можеле да се претворат во етничко-верски конфликти.
Иако состојбата во Босна не се наоѓала на дневниот ред на минатиот состанок на шефовите на дипломатии од ЕУ, Курц ја отвори темата со ова предупредување, тврди виенскиот весник „Пресе“.
Тој им упатил и порака на политичарите од Сараево до Бања Лука.
- Ова е повик за будење, пред се за политичката класа во БиХ. Тие мораат да го надминат застојот во земјата и да го поттикнат европскиот реформски процес, истакнал Курц.
XS
SM
MD
LG