Достапни линкови

Мијатовиќ информирана за медиумските проблеми


Дуња Мијатовиќ, претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Дуња Мијатовиќ, претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ по усвојувањето на измените на медиумските закони е во посета на Македонија. Таа се сретна со премиерот Никола Груевски и со медиумските организации кои и ја пренесоа атмосферата во која работат новинарите и функционираат медиумите. Според нив, состојбата е алармантна.

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ. Премиерот Груевски, како што соопшти владината прес-служба, ја истакнал отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле.
Средба на премиерот Никола Груевски со претставничката за медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ

Средба на премиерот Никола Груевски со претставничката за медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ


Претставничката за медиуми на ОБСЕ, според владата, го поздравила носењето на таквите законски решенија и посочила дека преостанува процесот на нивна примена што зависело од подготвеноста на сите чинители во тој процес.

Мијатовиќ која е во посета на Скопје се сретна со претставници на медиумските организации. Посетата на Мијатовиќ доаѓа по усвојувањето на измените на медиумските закони во Собранието кои беа договорени со Здружение на новинарите на Македонија.

Се пренесе генерално и со примери актуелната медиумска состојба која веќе станува алармантна, преку конкретни примери на гушење на слободата на професионално изразување.
Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари Тамара Чаусидис вели дека средбата ја искористиле за да алармираат за состојбите во кои функционираат новинарите и медиумите. Според неа, најважната порака е дека веќе не се говори за законите и процедурите, туку за суштината, односно слободата на изразување.

„Се пренесе генерално и со примери актуелната медиумска состојба која веќе станува алармантна. Бидејќи ако со нешто располага синдикатот тоа е информациите од членовите, преку конкретни примери на гушење на слободата на професионално изразување, Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ

Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ

понижување на трудот на новинарите, потценување на професионалноста и објективноста како принципи е нешто што ние секојдневно го добиваме како информација. Така што и генералната, но и многу сликовита ситуација беше од наша страна презентирана“, вели Чаусидис.
Укажавме на севкупната лоша атмосфера која што се случува и на отсуството на минимум позитивен знак на придвижување на работите во некоја позитивна насока.

Директорката на МИМ Билјана Петковска вели дека укажале на проблемот со нефункциониирање на пазарот на медиуми, особено доминацијата на владата како најголем огласувач. И таа вели дека премногу време се губи на дискусии за законите, а не на атмосферата и условите во која работат новинарите.

„Укажавме на севкупната лоша атмосфера која што се случува и на отсуството на минимум позитивен знак на придвижување на работите во некоја позитивна насока. Го истакнавме фактот што основањето на Советот на етика можеби е една од единствените работи позитивни кои се случија во минатата година и потребата во него да се вклучат сите медиуми кои сакаат“, вели Петковска.

Измените на законите се однесуваат на на изоставување на интернет порталите, а печатените медиуми да имаат обврска да објавуваат импресум и сопственичка структура, како и да ги заштитат малолетните лица од порнографски содржини. Од ЗНМ соопштија дека останала обврската во рок од шест месеци да се најде решение со кое ќе се зајакне независноста на Македонската радио-телевизија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG