Достапни линкови

Обновени преговорите за Кипар


Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасиадис и Дервиш Ероглу, денеска ќе се сретнат во седиштето на ОН во Никозија.
Ова е прва официјална средба меѓу двајцата лидери, која треба да претставува почеток на нова етапа од преговорите за решавање на проблемот со поделениот остров.
Преговорите за решавање на кипарското прашање беа прекинати во пролетта 2012 година, поради шестмесечното претседавање на Република Кипар со ЕУ.
Кон крајот на минатата недела Анастасиадис и Ероглу изразија согласност да потпишат заедничка декларација, во која се поставени главните принципи за решавање на кипарскиот проблем.
XS
SM
MD
LG