Достапни линкови

Мијатовиќ на средба со Груевски и Ивановски


Архивска фотографија - Преставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ во посета на Македонија, 2011.

Архивска фотографија - Преставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ во посета на Македонија, 2011.

Преставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ која престојува во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со министерот за информатичко општество Иво Ивановски и со премиерот Никола Груевски. Таа првиот ден од својата посета го искористи за разговори за медиумските состојби со новинарските здруженија. Претставници на МИМ, на ЗНМ и на Синдикатот на новинари и медиумски работници ги презентирале актуелните медиумски состојби и опциите за функционирање на медиумската сфера. Утре Мијатовиќ ќе одржи прес конференција за новинарите на која ќе ги презентира своите заклучоци.
XS
SM
MD
LG