Достапни линкови

Продолжено примирјето во сирискиот град Хомс


Хомс, 9 февруари 2014.

Хомс, 9 февруари 2014.

Примирјето во сирискиот град Хомс е продолжено до среда. Шефот на хуманитарната мисија на ОН Валери Амос го поздрави договорот за прекин на огнот меѓу сириската влада и опозицијата. Амос вели дека паузата ќе овозможи евакуација на повеќе цивили и испорака на дополнителна помош која е многу потребна. Од 7 февруари хуманитарни тимови на ОН заедно со локалните власти и други претставници евакуирале повеќе од 800 луѓе од Стариот Хомс. Освен тоа многу луѓе кои имале малку помош во последните две години добиле храна и медицинска опрема. Продолжувањето на прекинот на огнот е резултат на вториот круг на мировни преговори кои започнаа вчера во Женева.
XS
SM
MD
LG