Достапни линкови

logo-print

Совет на Европа загрижен за полициската неказнивост во Украина


Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нилс Муижниекс, изјави дека одговорните за прекумерна употреба на сила против антивладините демонстранти во Украина треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Тој беше во посета на Украина од 5 до 10 февруари. Неговиот тим се сретна со десетици луѓе кои беа повредени или притворени за време на протестите, како и со здравствени работници кои ги лекувале повредените. Во вчерашната изјава, Муижниекс вели дека „не е неопходно да им се скршат черепите и забите на луѓето при апсење“. „Исто така, не е неопходно да се пука со гумени куршуми во главите на луѓето за да се стави толпата под контрола или за борба против насилството на протестите“, вели тој.
Муижниекс исто така изрази загриженост во врска со случаите на киднапирања, како и користење на неслужбени лица од полицијата против демонстрантите.
XS
SM
MD
LG