Достапни линкови

logo-print

Украдени речиси 900 илјади долари од аеродром во Москва


Московскиот аеродром Шереметјево.

Московскиот аеродром Шереметјево.

Двајца непознати мажи вчера ограбиле вработен во компанија за обезбедување, кој само што собрал околу 30 милиони рубљи(862 илјади долари) од продавниците на московскиот аеродром Шереметјево и требало да ги однесе во банка. Двајцата напаѓачи, кои биле опишани како луѓе со „словенски изглед“, откако го нападнале обезбедувачот, ја земале торбата со пари, влегле во Мерцедес со темна боја и избегале од аеродромот. Полицијата трага по сторителите.
XS
SM
MD
LG