Достапни линкови

САД усвои резолуција за поддршка на украинскиот народ


Протести во Киев, 9 февруари.

Протести во Киев, 9 февруари.

Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство, 381 гласови за и 2 против, ја усвои резолуцијата за поддршка на демократските и европски аспирации на украинскиот народ. Резолуцијата ги повикува украинските власти да ги почитуваат правата на демонстрантите во земјата кои протестираат за демократска иднина на нивната земја.

Претходно, министрите за надворешни работи од ЕУ на состанокот во Брисел повторија дека Унијата останува посветена на потпишување на договорот за асоцијација со Украина, но дека тој договор „не претставува крајна цел во односите ЕУ-Украина“. Во Украина има протести од ноември минатата година кога претседателот Виктор Јанукович одлучи да не го потпишува договорот со ЕУ и наместо тоа да воспостави поблиски односи со Русија.
XS
SM
MD
LG