Достапни линкови

Донесени измените на Законот за стечајци


Собранието на Македонија денеска ги усвои измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година. Законот е донесен по скратена постапка, а со него овие лица ќе бидат материјално обезбедени со месечен надоместок од околу 7.100 денари, односно 34 проценти од просечната плата исплатена за минатата година и плус здравствено осигурување. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека со ова законско решение се очекува да се реши горливиот проблем на околу 3.000 стечајци.
XS
SM
MD
LG