Достапни линкови

Меркел и Камерон загрижени од референдумот во Швајцарија


Резултатот од вчерашниот референдум во Швајцарија за ограничување на доселувањето странци претставува голем проблем, изјави Штефен Цајберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел. Според него, во интерес на двете земји е да одржуваат тесни врски за да ја задржат нивната конкурентност во меѓународната заедница. Германија и е најголем трговски партнер на Швајцарија. Со слична оценка се јави и кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон кој изразил голема загриженост во врска со прашањето за слободата на движењето.
XS
SM
MD
LG