Достапни линкови

Живот покрај дива депонија во Куманово


Од Комуналната инспекција сметаат дека депонијата ја создаваат несовесни граѓани, а граѓаните велат дека сметот треба почесто да се собира.

Жители од околу две илјади куќи во кумановската населба „Ѓорче Петров“, позната како Банево трло, секојдневно најмалку по двапати поминуваат преку смет. Преку најразновиден отпад создаден од самите граѓани во близина на нивните куќи се движат деца, возрасни, пеш и со мотоцикли. Садот за смет поставен од комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ не е доволен да го собере отпадот, но повеќето од несовесните луѓе се чини како да не го забележуваат,туку отпадот го расфрлуваат на сите страни.
Мислам дека не функционира добро изнесување на сметот. Порано доаѓаа камиони и го изнесуваа, сега од блиската околина се принудени сите да го фрлаат тука ѓубрето.
Анкетиран граѓанин.

На некои од запрашаните, постоењето на депонијата како да им е нормално, а на оние што барем малку им пречи бараат помош од надлежните. Од Комуналната инспекција сметаат дека депонијата ја создаваат несовесни граѓани.

„Мислам дека не функционира добро изнесување на сметот. Порано доаѓаа камиони и го изнесуваа, сега од блиската околина се принудени сите да го фрлаат тука ѓубрето. Меѓутоа
дел од населението, да не правам поделби, првин го фрлаат ѓубрето надвор од контејнерите, а потоа во нив“, вели кумановка која живее во овој дел од градот.

Таа додава дека кога од ѓубрето не можат да поминуваат, тие бараат помош од ЈП „Чистота“ која го изнесува сметот. Друг кумановец
ЈП „Чистота и зеленило“ постави два контејнера кои по само час-два гореа во пламен за што имаме фотографии и целосна документација, проследена до сите надлежни институции.
Гордан Таневски, Сектор за комунална инспекција.
вели дека во населбата Средорек редовно се изнесува .

„Не мора секој ден, ама секој втор ден ако го собираат,нема да биде така.“

РСЕ: Знаете ли дека „Чистота“ не може да го собира сметот надвор од контејнерите?

„Така е, но ако доаѓаат редовно нема да има смет наоколу.“

Гордан Таневски од Секторот за комунална инспекција вели дека локалната самоуправа презема обврска сама да ги чисти тие
Гордан Таневски, Сектор за комунална инспекција во Куманово.
Гордан Таневски, Сектор за комунална инспекција во Куманово.
депонии. Наведената депонија последната деценија била чистена по најмалку пет пати годишно. Имало проект со кој биле предвидени средства за чистење и оплеменување на тој дел.

„Не успеавме да дојдеме до тој степен, за што јас ќе се повикам на несовесни граѓани кои живеат во тој дел на населбата. Во тек се преговори со Македонска железница за да се исчисти просторот, која исто така не може да функционира. Најверојатно ќе има проект за да се обезбеди тој простор околу пругата.“

Таневски додава дека парадоксално е тоа што реакции имало само од една приватна фирма во близина на депонијата, која и самата учествувала во чистење на ѓубрето.

„Инаку немаме поплаки од граѓани кои живеат токму во тој дел, а имаме поплаки од другиот дел од градот, од населбата „Гоце Делчев“, а од тој дел-немаме. ЈП „Чистота и зеленило“ постави два контејнера кои по само час-два гореа во пламен за што имаме фотографии и целосна документација, проследена до сите надлежни институции. Тој простор во овој момент останува таков каков што е. “

За жал, ова не е единствена дива депонија која самите граѓани ја создаваат во близина на нивните живеалишта. Неразбирливо е и тоа што токму оние кои ѓубрето го оставаат во близина на садовите за смет,а не во нив, на сите страни на брегот на речното корито на Кумановка и секаде каде што ќе поминат, најчесто се жалат дека некој друг им е виновен за нивната загадена животна околина.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG