Достапни линкови

logo-print

БиХ: демонстранти бараат оставка на федералната Влада


Сараево

Сараево

Во Сараево денеска повеќе илјади демонстранти пред зградата на федералната Влада побараа премиерот Нермин Никшиќ и сите министри да поднесат оставка до 19 часот. Никшиќ одби да поднесе оставка, по што демонстрантите ја блокираа Скендерија и целосно го прекинаа сообраќајот. Претходно владата на денешната седница оцени дека за ниту една политичка функција не вреди да се загуби живот и повика на одржување вонредни избори со цел зачувување на уставно правниот поредок на земјата. Во соопштението се истакнува дека владата има разбирање за незадоволството и ги оправдува барањата на работниците, но оти со уривање и палење на институциите нема да се реши ниту еден проблем. Протестите кои почнаа во минатата среда продолжуваат и во други градови на Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG