Достапни линкови

logo-print

Манчевски: ВМРО ДПМНЕ се обидува да ме дискредитира


Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денешните наводи на ВМРО ДПМНЕ за негова инволвираност во тендерско корупциски скандал ги оцени како обид за дискредитација. „Ако има што било незаконски, нека профункционираат институциите на системот и нека го процесуираат случајот“, изјави Манчевски. Според него, одлуката за избор на најповолен понудувач на тендерот била обжалена кај Државната комисија за жалби по јавни набавки при Владата, која го потврдила изборот за најповолен понудувач. Тој наведе дека во моментот кога бил избран за потпретседател на СДСМ, самоиницијативно целосно се повлекол од фирмата за која го прозиваат.
XS
SM
MD
LG