Достапни линкови

ЕУ: потребен е компромис меѓу украинската влада и опозицијата


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Брисел оценија дека скоро тримесечните протести во Украина укажуваат на потребата владата на таа земја да постигне политички компромис со опозицијата. Стратегијата на претседателот Виктор Јанукович да купува време, не може да доведе до избегнување на дискусијата за реформи на Уставот, оцени шефот германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. Високата претставничка на Унијата Кетрин Ештон ги информира министрите за нејзините минатонеделни разговори со властите и со опозицијата во Украина.
XS
SM
MD
LG