Достапни линкови

logo-print

Владата на БиХ на седница на тајна локација


Сараево

Сараево

Продолжуваат протестите на незадоволните граѓани во Босна и Херцеговина. Федералната влада денеска заседавала на тајна локација, а зградата на претседателството претпладнето била евакуирана. Вработените изнесувале се од зградата, а заедно со вработените, зградата ја напуштил и претседавачот на претседателството на Жељко Комшиќ и потпретседателот на Федерацијата Мирсад Кебо. Демонстрантите собрани пред Претседателството изнесоа свои барања: оставка на федералната влада, укинување на кантоните, намалување на сите примања на парламентарците за 50 насто, смена на директорот на пензискиот фонд, зголемување на пензиите, примања за невработените и укинување на работата на црно.
XS
SM
MD
LG