Достапни линкови

Иванов: Московјаните зборувале како древните македонци - словенски


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на Московскиот Државен универзитет „Ломоносов“, ја доби титулата „почесен професор“ и одржа предавање за духовните и културни врски меѓу двете земји и народа, со научни повикувања на поголем број автори кои ја обработувале оваа тематика, јави МИА.

Иванов говореше за книгата „Кралството на Словените“ од Мауро Орбини, објавена 1601 година во Италија, во кое вниманието му го привлекол авторот Еремије Русо цитиран во делото, за кого Орбини тврди дека во „Летописите на Московија“ од 1227 година напишал дека: „Русите односно Московјаните имале еден ист јазик како древните Македонци“.Еремије тврди дека древните Македонци зборувале словенски јазик.

Современиот македонски јазик, како официјален јазик на Република Македонија, истакна претседателот Иванов, е признат од речиси сите земји, освен од Бугарија која го третира како дијалект на бугарскиот. Грција пак, тврди дека македонскиот јазик воопшто не постои, иако досега барем трипати го има официјално признато, рече Иванов.
XS
SM
MD
LG