Достапни линкови

logo-print

Брисел - министерски состанок на ЕУ и земјите кандидати


Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на покана од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, денеска во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на државите - кандидати за членство: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.
Главна тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Египет, Самитот на ЕУ за источното партнерство, Царинската унија која ја промовира Руската Федерација, како и ситуацијата во Украина, соопшти МНР.
XS
SM
MD
LG