Достапни линкови

Индустриски зони како печурки пред избори


Премиерот Никола Груевски присуствуваше на отворањето на нови производствени погони на Компанијата „Џонсон Мети“ во Бунарџик.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на отворањето на нови производствени погони на Компанијата „Џонсон Мети“ во Бунарџик.

Слободните економски зони се повеќе се користат од владата за политички маркетинг отколку за создавање нови работни места, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски.

Македонија ќе добие уште една индустриска развојна зона за привлекување инвестиции. Овој пат тоа ќе биде воениот локалитет Мауцкер, кој државата му го отстапи на градот Охрид. Слободни економски зони има во Скопје, Тетово и Штип, а се планира нивно отварање на уште седум локации. Економскиот аналитичар Слободан Најдовски вели дека слободните економски зони се повеќе се користат од владата за политички маркетинг отколку за создавање нови работни места.
Особено во предизборен период, власта најавува бројни инвестиции и тогаш се најавуваат најголем број на нови индустриски или слободни зони, од тој аспект сметам дека овој термин премногу се користи во политичкиот маркетинг.
Слободан Најдовски, економски аналитичар.

„Искуствата покажуваат дека особено во предизборен период, власта најавува бројни инвестиции и тогаш се најавуваат најголем број на нови индустриски или слободни зони, од тој аспект сметам дека овој термин премногу се користи во политичкиот маркетинг.“

Извршниот директор на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков вели дека добро е што компаниите имаат поволни услови затоа што со инвестициите се подобрува квалитетот на македонската работна сила.
Премиерот Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалникот на Тетово Теута Арифи присустуваа на поставувањето камен-темелник на Технолошко индустриска развуојна зона Тетово.
Премиерот Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалникот на Тетово Теута Арифи присустуваа на поставувањето камен-темелник на Технолошко индустриска развуојна зона Тетово.

„Што се однесува до економските политики, на некој начин слободните економски зони можат да дадат една позитивна политичка економска порака и верувам дека затоа се и оформени и затоа се толку на број, иако што се однесува до македонското стопанство можеби му треба исто таква инјекција или едноставно исти такви поволности како што има во слободните економски зони.“
На некој начин секогаш може подобро, нормално, меѓутоа на крајот на краиштата они што веќе работат во слободните економски зони гледаме дека даваат позитивни ефекти.
Миле Бошков, Бизнис конфедерација.

Најдовски смета дека не може да има јасна слика колку инвестициите придонеле за намалување на невработеноста.

„Кај нас тој податок власта го користи исклучиво за пропагирање на нивните наводни достигнувања, а не за реално соочување со проблемот. Погледнато низ бројките на придонеси во социјалните фондови, тука мислам на пензискиот и здравствениот фонд, нема аргументи тврдењето на владата дека тоа значајно влијаело на вкупниот број на вработени во државава.“

Според Бошков, ефектите ќе се почувствуваат на долг рок.

„На некој начин секогаш може подобро, нормално, меѓутоа на крајот на краиштата они што веќе работат во слободните економски зони гледаме дека даваат позитивни ефекти и на некој начин дури ја билдаат нашата девизно приходна сметка.“

Најдовски порачува дека за да се видат ефектите треба да се погледне извозот, бидејќи фирмите во зоните најчесто се извозно ориентирани.

„Имајќи ги предвид суровините кои ги користат кои не се од домашно потекло, износот на увоз на тие суровини и износот на извоз на готови производи, досегашната пракса покажала дека разликата е мала во поглед на придонесот за намалување на трговскиот дефицит.“

Владата за годинава најави 20 нови инвестиции.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG