Достапни линкови

Посетата на Иванов на Русија и изборите, најкоментирани


Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со Патријархот на Руската православна црква г.г. Кирил во Москва. 09.02.2014.

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со Патријархот на Руската православна црква г.г. Кирил во Москва. 09.02.2014.

Незаминувањето на претседателот Иванов во Сочи и неговата посета на Москва, анализата за евентуални предвремени парламентарни избори и текстот на фасадата на зградата „папагал“, привлекле најмногу коментари.

Актуелно е незаминувањето на претседателот Иванов во Сочи. Перо од Скопје најпрво коментира дека е крајно неодоговорен односот околу одржувањето на единственото „службено авионче“ особено ако една недела пред одењето на Иванов се знае за тоа. „Нормално, ако неговата неисправност беше вистинската причина“, додава Перо. Потоа, тој смета дека е срамно што за време на планираниот престој во Москва Иванов нема да се сретне со ниту еден висок функционер на Русија, а ќе се сретнел со поглаварот на руската црква, а таа ја нема признато МПЦ. Па му одговара на МКД со прашање дали кај нас не го гледа очигледното кршење на човековите права.
Срамно е што за време на планираниот престој во Москва Иванов нема да се сретне со ниту еден висок функционер на Русија, а ќе се сретнел со поглаварот на руската црква, а таа ја нема признато МПЦ.

Инаку, МКД напишал: „Комедии сте. Според вашата новинарка сите земји кои беа на отворањето на Олимпијадата се поддржувачи на кршењето на човековите права“. Незабеган прашува: „Д-р Џоле, имаш ли дозвола од твојот газда Гвуевски да ја напушташ Македонија?“ И во друг коментар: „Нека отиде човечето малку да се проветри и да покаже дел од своите вратоврски за кои лани дал 5 000 евра како јавна набавка од буџетски пари!!!!!“
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија.

Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија.


Текстот за евентуални предвремени парламентарни избори и проблемите што ги претпоставува претседателот на ДИК, Никола Рилкоски, ако се одржуваат паралелно со претседателските, предизвикал полемика меѓу неколкумина посетители на нашата веб-страница. Перо и Пиле сметаат дека предвремени парламентарни не се потребни во актуелниот политички момент во земјава, Пиле ја повторува тезата за влада на национален спас, со што се согласува и Перо, а Боцка напишал: „Според Владата, кај нас е сè идеално, па кога е така, зошто предвремени? Испаѓа дека се за чаталење и покажување мускули... само непотребен трошок и ништо повеќе“. Мони ѝ забележува на нашата новинарка зошто не го прашала Рилкоски за гласачите од Пустец, за прекршувањата на изборниот закон и т.н.

Што се однесува до боите на фасадата на деветокатницата во центарот на Скопје, по написот „Барок версус модерна фасада“ повеќето коментари, се против нејзиното шаренило - МК Обсервер го потсетувала на Тирана во времето на Еди Рама, Сашо, напишал: „СДСМовска либерална мизерија“, а Игор, како архитект, појаснува дека зградата воопшто не била модерна, дури и со реновирањето.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG