Достапни линкови

Србија се надева дека со помош на ЕУ ќе се реши спорот за името


Спорот за името меѓу Грција и Македонија е чуден проблем, изјави српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Мркиќ наведе дека Србија има добри односи со двете страни и изрази надеж оти со помош на ЕУ ќе се најде решение.
Мркиќ во Атина присуствуваше на конференција посветена на „Јадранската стратегија“, на која учествуваа високи претставници на осум земји од регионот, организирана од Европската комисија
XS
SM
MD
LG