Достапни линкови

Втора рунда од сириските мировни разговори во Женева


Денеска во Женева треба да се одржи уште една рунда разговори меѓу владата на Башар Ал Асад и сириската опозиција.Меѓународниот медијатор Лакхдар Брахими треба да има одвоени средби со двете страни. Се уште не јасно дали двете страни ќе имаат и директни разговори. Првата рунда од разговорите што се одржа минатиот месец заврши без поголем напредок. Најголема пречка што ги блокира преговорите претставува барањето на опозицијата Асад да нема учество во транзицијата на власта. Вчера повеќе од 600 цивили беа евакуирани од областите што под контрола ги држат бунтовниците во Хомс. Ова е втора евакуација од Хомс за три дена .
XS
SM
MD
LG