Достапни линкови

Украина - ограничувања на овластувањата на Преседателот


Пратениците во Парламентот на Украина се очекува денеска да работат врз нацрт одредбите за Уставни измени. Подржани од уличните демонстранти опозициските лидери бараат враќање на Уставот од 2004 кога поголемите овластувања беа во рацете на Парламентот, а не кај Претседателот ,како што е сега. Претседателот Виктор Јанукович и неговите подржувачи,кои имаат мнозинство во Парламентот, се противат на вакви промени.
Опозицискиот лидер Витали Кличко на вчерашните протести пред илјадниците подржувачи изјави дека тие бараат уставни измени со кои претседателот нема да има" диктаторски овластувања".
Во меѓувреме државните безбедносни служби објавија предупредување за превенирање на можност од терористички напад врз чувствителни капацитети како што се аеродромите и системите за електрична енергија.
XS
SM
MD
LG